ЃОРЃИ ИВАНОВ повикува на ОТПОР

Изјави, Македонија

Како поранешен претседател, кој 10 години беше сведок и силен противник на сите подли игри за разнебитувањето на Република Македонија, повикувам на отфрлање на францускиот предлог.

Со вакво “решение” Република Македонија ќе биде втурната во правна, политичка и историска бездна.

Македонскиот народ повторно е сведок на национално предавство.

Човечкото достоинство и стекнатите права се црвените линии кои не смее да се преминат. За нив не се разговара и не се преговара.

Непокорот е единствениот излез.

Одбраната на Македонија е обврска на секој од нас.

Да живее Република Македонија!