БОГОЈЕСКИ до ДИМИТРОВ: Силно сум разочаран од „преспанското мито“

АНАЛИЗА, Изјави

Откако во јавноста се појавија информации за т.н. „јужна мотивација“ односно земање на грчки пари за предвремена имплементација на Преспанскиот договор во Македонија, поранешниот МНР и вицепремиер Никола Димитров се обиде неуспешно да ги демантира истите, но со спинување на фокусот на интерес на јавноста, а тоа е каде завршиле тие пари, а не дали биле земени.

Суштината на објавената анализа за мотивот на Димитров, спротивно на самиот договор, предвремено да ја наметне Преспанската лага за внатрешна употреба во Македонија, е дали станува збор за примено мито од Грција или нејзини лобисти, а не каде се искористени парите од тоа мито!

На тие информации, во јавноста реагираше и лидерот на Македонски Концепт, Петар Богојески кој искажа длабоко разочарување доколку работите така стојат како што шпекулира јавноста.

Познато е дека Македонски концепт се залага за целосно почитување на Преспанскиот договор, но согласно одредбите на истиот бараат да биде суспендирана употребата на „северна“ за внатрешна употреба, се до интеграција на Македонија во Европската Унија.

Во таа насока, многукратно повика на целосно почитување на Преспанскиот договор, но и на утврдување на одговорност за неговата предвремена имплементација во земјава, особено на откривање на мотивите за истото.

Дали со половичниот наводен демант, Димитров всушност признава дека не е чиста работата со Грција, токму онака како што се сомнева Богојески?

Во таа насока тој изјавува:

„Силно сум разочаран од информациите за „преспанското мито“, кое било причина за превремена имплементација на Преспанскиот договор во Македонија, спротивно и на одредбите на самиот тој договор. Воопшто не ми е важно дали тие информации доаѓаат од власта или опозцијата, дали станува збор за пресметка помеѓу Заев / Таче и Димитров, важно е дали тоа е вистина?

Токолку не е, јас прв ќе застанам во одбрана на вистината за Димитров, но доколку е вистина јас прв ќе застанам во барањето за негово кривично гонење, не само за мито, туку и за национално предавство мотивирано до криминални побуди.

Димитров има повеќе од доволно простор за него во јавноста, па може слободно истото да го потврди или демантира, но аргументирано, без дезинформации, со цел да констатираме кои биле причините за злоупотреба на Преспанскиот договор.“ – изјавува Богојески.

Тој останува на ставот дека во овој клучен момент за интеграцијата на Македонија во ЕУ, треба да го употребиме Преспанскиот договор и да и кажеме на Унијата дека истиот го суспендира, иако е гарант на него. За тоа треба тесно да соработуваме со Грција и заедно да притиснеме за исполнување на „преспанските услови“ за ЕУ.

„Наместо ЕУ на нас да ни поставува „бугарски услови“, ние на ЕУ да и поставиме „преспански услови“! А ние дома да побараме одговорност од Димитров и Заев зошто се срушени македонските позиции во преговорите и зошто Преспа не е употребена во насока во која јас говорам.

Во овој момент МНР нема капацитет тоа да го направи, потребно е министерот Османи да се принуди на оставка, част поскоро. Колку побрзо толку подобро за Македонија и за самата Влада.“ – изјавува Богојески.

One thought on “БОГОЈЕСКИ до ДИМИТРОВ: Силно сум разочаран од „преспанското мито“

Comments are closed.