
КОЈ СЕ СПРЕМА за нов МНР од редовите на ВМРО ДПМНЕ
Како состојбата со европската интеграција на земјава се влошува, така се поизвесно станува дека власта на СДСМ е веќе при самиот крај од своето неславно владеење, исполнето со криминал, корупција и национални предавства.
Со оглед на фактот што ВМРО ДПМНЕ не стои добро во позициите кај меѓународната заедница, клучното прашање е кој ќе биде новиот МНР од редовите на таа парија, со оглед на тоа што истиот треба да го понесе товарот на свој грб во врска со бугарското прашање во ЕУ.
За сега се шпекулираат две имиња и тоа двајцата потпретседатели на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николовски и Тимчо Муцунски. И двајцата ја имаат потребната блискост со поранешниот премиер Никола Груевски, но во поглед на личните позиции се дијаметрално спротивно поставени.
Ако Муцунски е познат како детето на структурите и кадар од бранковото крило на политичката сцена во земјава, Николовски се повикува на автентичен вмровски активизам и силна подршка од старите партиски структури.
Александар Николовски веќе даде изјава во која експлицитно отфрла било каква поддршка за францускиот предлог за решавање на бугарското прашање, вклучително и тврд став кон воопшто интеграцијата на Македонија во ЕУ под услови на бугарска уцена. Дали тоа ги намалува шансите на Николовски за следен МНР?
Муцунски држи по мек став во поглед на тие прашања од колегата Николовски, но дали тоа ќе донесе големи штети по рејтингот на ВМРО ДПМНЕ токму пред изборите, а со тоа и конфликт со самиот лидер Мицковски кој најави тврди позиции на неговата партија? Тој веќе кажа дека Преспанскиот договор е прифатлив и нема назад. Северна Македонија за Муцунски била трајна реалност.
Што е клучно во одлуката на Мицкоски, кој од овие двајца кандидати ќе биде новиот МНР? Дали одлуката ќе падне под влијание на поранешниот лидер Груевски или Мицкоски е веќе целосно автономен во поглед на неговото влијание? Дали ВМРО ДПМНЕ ќе навлезе на меко клизиште во односите со ЕУ, а со тоа и Бугарија или ќе игра тврдо и ќе застане во одбрана на македонските национални интереси?
Веројатно тука ќе биде и одлуката за новиот МНР на Македонија.