НАЈНОВА ВЕСТ: Од какви „ИНФИЛТРАТИ“ стравува ВМРО – ДПМНЕ?!

Македонија, Политика

Повикуваме на масовен протест утре во 20 часот пред влада. Протест за промени, затоа што премногу е, стои во денешното партиско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ околу утрешниот протест во Скопје.

Според опозициската партија, утре ќе има достоинствен, масовен и мирен протест.

-Замолуваме за разбирање од граѓаните на кои поради овој протест ќе им биде ускратена нивната можност за движење по бул. Илинден во потегот од Пошта до семафорите после влада. Дополнително информираме дека ќе биде овозможен еден пешачки коридор долж целата колона за слободно движење на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека „имајќи го во предвид криминалниот карактер на оваа власт се оградуваме од секакви инфилтрати кои што се надвор од веќе објавеното сценарио кое предвидува обединување на народот под македонското знаме“.

-Официјални обележја на протестот (знамиња, симболи, реквизити) ќе бидат само државното знаме на Република Македонија, знамињата кои се симболите на деловите од народ кои што живеат во Република Македонија, како и партиските знамиња на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за обнова на Македонија, и обележјата на евроатланските организации кои се стратешка определба на нашата држава, стои во соопштението од „Белата палата“.