ВОНРЕДНИ ВЕСТИ: Груевски доби нова функција

Забава

Поранешниот премиер Никола Груевски се враќа на голема врата во политиката во Македонија.

Тој на Централен Комитет на ВМРО е назначен за нов координатор на Задграничниот Комитет во Будимпешта, со посебни овластувања за Австрија, Хрватска, Словенија и Романија, или поранешна Австо – Унгарија.

Тоа од причина што успеал да влезе во Хабзбруршката династија како верен измеќар, станал многу голем пријател на Автро – унгарскиот престолонаследник Отон 16ти фон Хабзбург!

Сега Никола е голем шеф, веќе не му се збори. Неговите сведочат дека од како е назначен, веќе престанал да крева телефон, а особено се трауматизирани зашто престанал да ги снима разговорите.

Инаку Никола е познат по фетиш да снима се и сешто, па покрај снимањето на половина Македонија, откако премина во илегала, во задграничните тела на ВМРО, продолжил да ги снима не само телефонските разговори, туку и сите средби со сите кои му доаѓале од Македонија.

Текстот е доволно трагичен за да биде вистинит, барем во делот на новата функција.