КИРЧО ПАДНА, го турна Слави Чалгаџијата И Т.Н.

Балкан

Лидерот на бугарската политичка партија „Има Таков Народ“, Слави Трифунов кажа дека ги повлекува министрите од Владата, а со тоа и официјално Петков треба да бара ново мнозинство во бугарскиот парламент.

„Ставам крај на оваа коалиција и агонија. Има две причини зошто оваа коалиција не функционира и зошто не ни е место во неа – Северна Македонија и тоа што нема повеќе пари во државата. Покрај напуштањето на националните интереси, министрите на „Продолжуваме промената“ не водат кон банкрот.

Премиерот Кирил Петков води поинаква надворешна политика од онаа на министерот за надворешни работи и Советот за национална безбедност. Премиерот има уште еден министер за надворешни работи“, вели Трифунов чалгаџијата од партијата И Т.Н.

Според него, тоа е советничка на Петков, Весела Чернева.

– Што се однесува до буџетот – Асен Василев, откако е министер за финансии, милијарди летаат горе-долу во државата, тоа се наши пари, рече Трифонов.

Бугарскиот премиер Кирил Петков категорично одби да се потчини на уцените на Слави Трифонов, лидер на коалициската партија „Има таков народ“.

Половина час откако шоуменот Трифонов објави дека ги повлекува министрите од владата, Петков најави дека ќе води малцинска влада наместо „да дозволи да му ги виткаат рацете“.

– Подготвени сме за малцинска влада, но нема да потрошиме ниту лев без надзор.

Ова го истакна копретседателот на партијата „Продолжуваме промените“ и премиер на Бугарија, Кирил Петков на прес-конференција.

Претходно, Трифонов најави повлекување на министрите од неговата монти пајтон партија кои се во владата поради две причини.

– Има две причини зошто оваа коалиција не функционира и зошто не ни е место во неа – Северна Македонија и тоа што нема повеќе пари во државата.

– Покрај напуштањето на националните интереси, министрите на „Продолжуваме промената“ не водат кон банкрот. Премиерот Кирил Петков води поинаква надворешна политика од онаа на министерот за надворешни работи и Советот за национална безбедност. Премиерот има уште еден министер за надворешни работи, додаде тој.