КАПИТУЛИРАШЕ И РПЦ, им остана само лажна надеж

РЕЛИГИЈА

Руска црква од Москва ставена во небрано од одлуката на ВП, преку треторазреден црковен дипломат, кратко соопшти: Ја поздравуваме одлуката на Српската православна црква за „Македонска православна црква – Охридска архиепископија“!

Руската православна црква ја поздравува одлуката на Српската црква за обновување на канонското општење со Македонската црква, изјави заменик-претседателот на Одделот за надворешни црковни односи (ДИКР) на Московската патријаршија, протоереј Николај Балашов.

„Руската православна црква ја поздравува одлуката на Српската сестринска црква да ја обнови канонската заедница со Македонската православна црква, Охридската архиепископија“, рече Балашов, истакнувајќи дека тоа претставува „надминување на половина век старата црковна раскол“.

Руските надежи дека преку СПЦ ќе наметне „руски правила“ за добивање на Томос за автокефалност на МПЦ – ОА се јалови и без изглед за било каков успех. Сепак последната одлука ќе биде на Вселенскиот патријарх, кој најави завршување на постапката за автокефалност на Охридската Архиепископија (МПЦ).