
(Видео) НАТО инвазија врз КРИВОЛАК
На Армискиот полигон „Криволак“ денеска се реализира Ден за високи гости на мултинационалната вежба „Брз одговор 22“ („Swift Response 22“), при што ќе бидат презентирани воздухопловно-десантни операции проследени со падобрански скокови и хеликоптерски и копнени активности на припадниците на армиите на Македонија, САД, Велика Британија, Франција, Италија, Црна Гора, Грција и Албанија.
Вежбата веќе е во тек, а 10-тици воздухоплови надлетуваат над полигонот Криволак. Веќе е во тек воздушниот десант на НАТО.
Погледнете: