НОВИ КВОТИ: Албанците бараат права по број на државјани, не резиденти

Изјави, Македонија

Правата на етничките заедници да произлегуваат од бројот на државјани наместо според резидентното наеление, бара БЕСА

Објавувањето на резултатите од пописот отвора дебата која бара длабинска анализа, вика генералниот секретар на партијата БЕСА, Аријанит Хоџа. Како што кажа тој, ставот на партијата е дека правата на етничките заедници треба да произлегуваат од бројот на жители кои се државјани на државата, а не по бројот на резидентно население.

„Движењето БЕСА уште еднаш го потврдува својот политички став дека процесот на попис на населението е и треба да остане само статистички, а колективните, законско уставни права на етничките заедници, во случајот на Албанците треба да произлегуваат од бројот на жители кои се државјани на државата, а не по бројот на резидентни жители“, рече Хоџа.