АХМЕТИ ПОРАЧУВА: Уставот ќе се менува, прашање е на време

Изјави

– Прашање на време е кога ќе се отвори Уставот, ќе се направи и овој договор, вака лидерот на ДУИ Али Ахмети ги коментира евентуалните уставни измени со кои би се тргнале 20-те проценти во дефиницијата за Албанците во Уставот.

Ахмети не кажа дали сега е време тоа да се случи, но рече дека има добра волја од сите страни, вклучително и од СДСМ и ВМРО ДПМНЕ.

„Овие 20 проценти мора добро да се објаснат, 20-те проценти се инсталирани во Уставот на Македонија во одредено време за да се постигне компромис, бидејќи 20 отсто во Уставот на Македонија не ја нарушува суштината на унапредување на албанското прашање во Македонија.

Направивме компромис и бевме сигурни дека со текот на времето ова прашање ќе дојде во најдобриот момент и ќе се смени и има добра волја од сите партии од првиот момент кога Уставот ќе се отвори за промени и унапредувања, ќе се реши“, рече меѓу другото Ахмети.