БЕЛЕЖНИК: На денешен ден…

БЕЛЕЖНИК

1903 Во селото Смилево демирхисарско, почнал Смилевскиот конгрес на Битолскиот револуционерен округ на ТМРО. За претседател на Конгресот бил избран Даме Груев. Мнозинството на Конгресот се изјаснило за кревање востание.

1945 СССР го објавил освојувањето на Берлин во Втора светска војна. Војниците на Црвената армија го развиориле црвеното знаме над Рајстагот.

1949 Во Струмица е формиран Народниот театар Антон Попов. Во театарот била изведена првата претстава, „Бегалка“ од македонскиот писател Васил Иљоски.

1952 Првиот патнички авион на млазен погон „Де Хавиленд Комет-1“ го направил првиот лет на линијата Лондон- Јоханесбург.

1982 Една британска подморница  го потопила аргентинскиот брод „General Belgrano“, при што загинале над 350 луѓе.

1994 Африканскиот национален конгрес на Нелсон Мандела  победил на првите слободни парламентарни избори во  Јужна Африка.

1999 Во текот на бомбандирањето на СР Југославија , авијацијата на НАТО  употребила „ГРАФИТНИ БОМБИ“, предизвикувајќи распад на електроенергетскиот систем на земјата.

2007 Еден од учесниците на релито „Гамбол 3000“,Николас Морли возејќи со недозволена брзина во близина на Струга , удрил во друго возило при што загинале двете лица во другото возило, брачниот пар Чепујновски од Струга. Релито било прекинато, а Морли осуден.

2008 Циклонот „Наргис“ го зафатил  Мјанмари предизвикал катастрофално уништување и поплави, при што загинале над 100.000 луѓе.

2012 Јанош Адер е избран за претседател на Унгарија.