
Тажниот Бојко: Ако ме стават во затвор, ќе станам светец
Поранешниот премир на Бугарија, Бојко Борисов веќе јавно се подготвува да оди во затвор. И тоа пред следните избори во таа земја, кои се веќе закажани.
Министерот за внатрешни работи на Бугарија, Бојко Рашков истакна дека веќе му подготвил затвор. На тоа Бојко Борисов изјави дека народот многу го сака и доколку го затворат ќе стане светец, исто како Левски. Дополни дека и да го затворат, не ќе биде долго во затвор. Дали во таа реченица веќе има закана? Доколку излезе од затвор за кратко време, ќе се пресмета со тие кои го затвориле.
Бојко дополни дека народот го сака и ќе го ослободи! Тоа наиде на општ потсмев кај граѓаните на Бугарија. Особено оние кои со месеци протестираа против него.
Бојко Борисов е обвинет за корупција, највеќе со европските фондови. Потоа за рекет и изнудувања. За тоа следуваат долги години во затвор и тоа согласно европските закони. Тој е под истрага и на органи на ЕУ.
Единствена пречка за Бојко да биде веќе затворен е главниот обвинител Иван Гешев, кој доаѓа од кланот на ГЕРБ, партијата на Борисов. Тој е чадор за поранешниот премиер.
Борисов обвинува дека претседателот на Бугарија Румен Радев, сака да воведе диктатура во земјата.