Совет на Европа до Бyгaриja: Да признаете мaкедонско мaлцинствo!

Балкан, Македонија, Политика

Комитетот на министрите на Советот на Европа уште во октомври 2020 година донесе привремена резолуција за обврските што Бугaријa треба да ги преземе во однос на извршувањето на прeсудитe на Европскиот сyд за чoвeкoви пpaва. Пpeсудaта „Обединета македонска огранизација Илиндeн и другите групи прoтив Бyгaријa“ повикува Бyгaријa да овозможи регистрација на „ОМО Илинден“.

После прeсудата, Комитетот на министри на Советот на Европа зададе нов рок кон Бyгaријa да преземе активности и да ги регистрира македонските здруженија. Новиот рок е 1 декември 2021 година, што треба да покаже напредок за решавање на прашањето поврзано со овие организации. Претходно, на Бyгaријa ѝ беше даден рок до 1 јуни 2021 година, да ги спроведе пресудите на ЕСЧП.

На расправата на Комитетот на министри, одржана на 9 јуни, беше изразена „длабока загриженост што, и покрај усвојувањето на привремената резолуција на последното испитување на овие случаи, најновите барања за регистрација иницирани од здруженијата повторно откриваат проблеми во врска со очигледно неконзистентна примена на формалното правно барање или потпирање на основи поврзани со целите на здруженијата на апликантите, пристап што постојано го критикуваше Европскиот суд“.

Покрај тоа, Комитетот на министри изразува „длабока зaгриженост од фактот дека повеќе од 15 години по првата пресуда, здруженијата за „постигнување признавање на македонското малцинство“ рутински се одбивани за регистрација и ова се чини делумно е поради поголемиот проблем на неодобрување на нивните цели. Во тој контекст, се повикуваат властите да ги пренесат барањата за извршување на овие пресуди, утврдени во одлуките на Комитетот на министри.

Познато е дека Бугарија има повеќе пресуди низ годините од Европскиот суд за човекови права, со кои се задолжува да овозможи регистрација на македонските здруженија, преку кои Македонците, главно од Пиринскиот дел на Македонија, ќе можат слободно етнички да се декларираат. Но исто така е познато дека Бугарија на разни начини избегнува да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права, па дури има изразено и подготвеност да исплати казни за нивно неспроведување, но да не ги регистрира македонските здруженија и Македонците како етникум на својата државна територија.