
ПОЕНТА НА ДЕНОТ со србо – бугаризираните Македонци
ПОЕНТА НА ДЕНОТ
Во минатото, младите балкански држави започнале нечовечка борба за асимилација на Македонците во сеуште неослободената МАКЕДОНИЈА.
Во овој дел од Македонија, наречен вардарски дел, Србија и Бугарија воделе жестоки пресметки, буквално за секој еден човек во секое едно населено место, кој побрзо да биде асимилиран како Србин или како Бугарин.
После долги години глупирање од двете млади монархии, Србија ја научува лекцијата и наместо да се обидува на сила од Македонците да прави Срби, таа се поклонува на фактичката состојба и одлучува од Македонците да направи најголеми пријатели, а македонската култура да биде пријателска кон српската.
Како резултат на тоа, не само што се помирува со насилно србизираните Македонци, туку ги придобива и насилно бугаризираните Македонци, со самото тоа што им дава опција да си бидат Македонци и да си негуваат македонска култура. Така ја победуваат посилната бугарска пропаганда во Македонија, а создаваат трајно пријателство со Македонците.
Тоа е она што Бугарија го нарекува србизација на македонските Бугари и насилно создавање на Македонци, а никако да разбере дека тоа е само давање на право на слободно себеидентификување на Македонците.
Резултатот е, огромното мнозинство на денешните Македонци имаат расположение и ставови дека Србите се најголеми пријатели и најблизок народ во светот. Со тоа Србија дефакто успеа во намерата да оствари најголемо влијание во Македонија, а бугарското влијание да го порази и сведе на минимум.
Можеби не направија Срби од Македонците, но направија Македонци кои ги обожаваат Србите.
На Бугарија никако памет да и дојде, никако да ја научи лекцијата и упорно се обидува на сила од Македонците да прави Бугари.
Наместо да ја прифати реалноста и фактичката состојба во Македонија, да започне од Македонците да прави најблизок народ и пријатели, од македонската култура најблиска култура на бугарската, тие измислија нова глупост, признавале денешна реалност, но минатото било бугарско.
Со тоа повторно влегоа во војна со Македонците и повторно им направија услуга на Србите. Никако да се откажат од намерата за бугаризација на минатото, но ветуваат дека ќе се откажеле од намерата за бугаризација на иднината. Монти пајтон акција.
Секој следен чекор им е обратен од тоа што го говорат, така не само што продолжија да сонуваат за ребугаризација на Македонците, туку и постоењето на самата македонска држава го прогласија за антибугарски проект во нивниот несреќен Меморандум до ЕУ.
Со тоа Бугарија само ја продолжи и прошири агонијата, создаде таков анимозитет кај Македонците кон нив, каков немало ниту за времето на пропагандите во минатото. И после се чудат зошто имало негативно чувство кај Македонците за Бугарите.
Ако сака Бугарија да се постигне било каков позитивен ефект, најдобро и е да ја прифати стратегијата на Србија и во целост да ги прогласи македонскиот идентитет и македонската култура за пријателски и братски.
Така не само што ќе се закопаат духовите од минатото, туку ќе изградиме заедничка иднина. И наместо фалсификувано минато, ќе имаме пријателска иднина.
пишува, ПОЕНТИРАЧОТ!