
ПОЕНТА НА ДЕНОТ со легендата за Македонците и Сиријците
ПОЕНТА НА ДЕНОТ
ЛЕГЕНДАТА зборува за едни Македонци, кои не знаеле што сакаат…
До тој степен биле изгубени, што веќе самите себе не можеле да се препознаат.
ЛЕГЕНДАТА продолжува со спомнување на Македонците кои ширеа масовна паника дека ќе бидеме окупирани од бегалци од Сирија, дека намерно ни ги носат во Македонија со цел да бидеме исламизирани.
Денес истите тие Македонци се „најзагрижени“ за тие од Сирија!
Секој ден, секој час, секоја минута не поминува, а тие да не спомнат за нападнатата Сирија, за убините деца, за агресијата врз таа прекрасна земја Сирија, изедначувајќи ја со Украина и со агресијата врз неа.
Па добро бе Македонци, нели ви сметаа исламистиве од Сирија?
Од кога ви станаа исти со православните во Украина, па и да ги ставите и пред вториве?
Или вас ве заболе за Македонија и православие?
Битно е да истерате вашиот македонски инат и зависноста од Путкиновата дрога да ја задоволите?
Остана ли некој нормален во земјава?
пишува, ПОЕНТИРАЧОТ!