ТАЧЕ е збунет за ВАНЧО, ама нема „муда“ за РАДЕВ

Македонија

Ние како Влада стоиме зад слободните убедувања на сите граѓани, очекуваме ист пристап и реципроцитет за бугарските граѓани со македонско самосознание, вели премиерот Димитар Ковачевски во изјава за МИА на прашањето да го искоментира отворањето на клубот при културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола.

– Се работи за контроверзна историска личност, која во Република Северна Македонија е доживувана на различен начин од различни групи на граѓани. Сепак, бидејќи се работи за граѓанска иницијатива, согласно Европската конвенција за човекови права, со која ние сме целосно усогласени, ваквите проекти не се предмет на државен надзор. Во Република Северна Македонија е овозможено сите граѓани слободно да ги практикуваат своите етнички, религиски и идеолошки убедувања, вели Ковачевски.

Тој пристап, додава премиерот, е нешто зад кое ние како Влада стоиме и ќе продолжиме да го практикуваме и понатаму, бидејќи, вели, тоа е нашиот белег и како држава и како општество.

– Воедно и Владата на Република Северна Македонија како и јавноста со нетрпение го очекува денот кога и кај нашите соседи ќе созрее времето кога и таму оние граѓани кои имаат, на пример, македонско самосознание, ќе можат на ист таков слободен начин да ги практикуваат своите уверувања, изјави премиерот Ковачевски за МИА.

Овој руски проект за провокации и создавање на нетрпеливост помеѓу двете држави е целосно раководен од структурите на Каракачанов, на кои се залепи и ги промовира руското момче Румен Радев. Таче полна уста демократија и збунка за Ванчо, но нема „муда“ да му каже јасно и гласно на Радев дека овој тип на бандитизам во Македонија „не минава“!