БОГОЈЕСКИ: Бранејќи ги злосторствата на ПУТИН вие го браните заевизмот

Изјави, Македонија

Работата е проста како грав, како врзани садови, се зборовите на Богојески, кој објаснува дека тие кои застануваат на страната на злосторствата на Путин, тие дирекно го хранат заевизмот.

Секогаш кога опозицијата ќе има блиски ставови на оние на режимот на Путин, претставниците на заевизмот трчаат по амбасади и меѓународни организации и се виктимизираат, се претставуваат како единствени борци за слобода и демократија, како жртви на „проруските националисти“ во Македонија.

Сликата е дека тие се единствената алтернатива во земјава кои се гаранти за мирот и стабилноста, за евроатлантската ориентација на Македонија, а доколку владата падне, новите ќе преминат на страната на Русија и Путин.

На тој начин, сите вие кои го поддржувате Путин, дирекно ја поддржувате оваа слика за заевизмот и со тоа дирекно помагате да остане на власт. Ако сакате да падне заевизмот, тогаш престанете со злобните коментари и неприфатливата поддршка и измевање со воени злосторства против човештвото кои ги прави Путин.

Приклучете се во ОТПОРОТ кон заевизмот, смирено и разумно, за побрзо да ги тргнеме од власт. Мое беше да ви кажам, а вие си знаете! – се зборовите на Богојески.