ДОБРО УТРО СО АМАТЕРКАТА И ДРУГИТЕ ПРИМАТИ ОД ВЛАСТА

Uncategorized, Добро утро

ТИЕ  НЕНАСИТНИ, А НИЕ СЕ’ ПО-ГЛАДНИ!

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкултет

Секој еден кој има „по рапав мозок“ не би останал рамнодушен на скандалозното владеење на моменталната влада во државава.

Можеби си ги заслужуваме, а можеби повторно сме изманипулирани. Не ни е прв пат! Ако е ова првово-значи дека тие се одлика на нас-народот. Ние си ги избираме, наши си се!  Тоа би значело дека не постои разлика помеѓу нивните и нашите мозоци. Доколку е ова второво пак, би требало ние-народот да реагираме!

Имено, преку условните и безусловните рефлекси кората на големиот мозок го поврзува организмот со надворешната средина. Активноста на кората овозможува остварување на вишите психички активности  (мислење и осознавање) . Таа како центар на вишата нервна активност одговорна е за однесувањето на единката во животната средина .

Обединувањето на функциите на органи  и органски системи во организмот се остварува преку активноста на кората на големиот мозок. Во смисла на тоа,  човечкиот мозок има многу повеќе клетки од оние на мозокот на другите примати, и покрај тоа  имаат поголем капацитет за обработка.

На пример, кај животните  максимумот на активноста на овие функции е сведен до инстинкт на храна, преживување и физолошки потреби. Животните покрај овие функции  имаат и инстинкт за СИТОСТ, што не е случај со овие примати од  власта!

 

Чудно е тоа што ние-народот  повеќепати реагираме како да имаме мозок на други примати. Поточно, не реагираме воопшто или соодветно кога тоа е природно потребно.  Уште што треба да направат  за да се активира нашата  мозочна кора  и да почнеме да реагираме соодветно!? За жал, со ваквото поведение тешко е да се прифати дека  сме жртви на манипулација, напротив имаме идентични мозочни функции со нив.

Загрижувачки е фактот тоа што успеваат да не „одржуваат“ во оваа состојба со тоа што  тие  се НЕНАСИТНИ, а  ние СЕ’ ПО-ГЛАДНИ!