
ЧЕСТИТКИ од Богојески до Вучиќ со специјална порака
Лидерот на Македонски КОНЦЕПТ, Петар Богојески ја честиташе победата на српскиот претседател Вучиќ со специјална порака:
„ЧЕСТИТКИ за Александар, човекот со македонско име, а претседател на Србија!
Неговите зборови „одиме драматично десно“ особено ме израдуваа, тоа значи ќе бидат се поблиску со Европа, а се подалеку од болшевичкиот левичар Путин!
ВУЧИЌ има моќ… ова му е последен мандат… АПЕЛ од Македонија:
– зауздај ги шовинистите од СПЦ и безусловно прифатете ја реалноста на МПЦ – ОА, од тоа Србија ќе има бенефит, не само Македонија;
– добредојден си во Кавадарци и Охрид и поклони се пред спомениците на Тиквешкото и Охридско – Дебарското востание;
Мое беше да Ви кажам, а Вие си знаете!“ – порача Богојески до Вучиќ