АМЕРИКАНСКАТА ВОЈСКА пристигна на Балканот

Свет

Големи контигенти американска војска пристигнаа во Романија, а Динчу на новинарите им кажа дека првите американски војници во Романија обезбедиле логистика, за борбените групи кои пристигнуваат постојано, пренесува Ројтерс.

„Стигнаа Американците. Повеќе од 100 специјализирани американски војници заедно со нашите специјалисти за логистика направија подготовки предходниот месец, а сега пристигнаа останатите американски одбранбени трупи“, кажа романскиот министер.

Соединетите Американски Држави испратија повеќе од 40.000 војници во Источна Европа, а дел од нив и на Балканот, особено во Романија и Бугарија, за да ја заштитат Европа од потенцијално прелевање на украинската криза.

Пентагон соопшти дека ќе ја премести ескадрилата Страјкер од околу 1.000 американски војници од Вилсек во Германија во Романија.

Американските трупи дел стационирани во Полска започнаа да се прераспределуваат и во Бугарија.

САД планираат во рамки на програмата за поддршка на НАТО сојузниците да ги зајакнат капацитетите на источното и јужното крило на НАТО до тој степен, да секоја помисла на Путин за дестабилизација во Европа, особено на Балкан да биде обесхрабрена.

Во моментов во Романија, која е членка на НАТО од 2004 година, на нејзина територија има американски ракетен систем со балистички проектили.

И Франција испрати дополнителни трупи во Романија. Шпанија веќе е дел од силниот заштитен блок на НАТО за трите мориња.