ДОБРО УТРО СО АМАТЕРКАТА И ВЛАДИНИТЕ ХОТЕЛСКИ УСЛУГИ

Добро утро

ХОТЕЛСКИ УСЛУГИ НА МАНИПУЛАТИВНА ВЛАДА НА СЕВЕРНА

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкултет

Постојат повеќе мотиви за манипулација. Понекогаш тие мотиви се кријат зад желбата на манипулаторот да го добие посакуваното или пак да добие предност пред останатите- без разлика која е ‘’цената која за тоа треба да ја платат другите’’.

Понекогаш чувството на моќ ја зголемува нивната самодоверба, па одтаму потекнува и желбата за манипулација.

За жал граѓаните на РМ повторно си имаат работа со една ваква „дружина“ на чело со еден ваков профил на личност. Неодамна  побараа  да им  се вратат средствата од компаниите кои им ги дадоа како поддршка за време на ковид кризата, а со кои во исто време се фалеа дека многу им помогнале.

Северно-македонскиот премиер Димитар Ковачевски често знае да изјави дека стратегијата за надминување на сериозната глобална економска криза, дополнително влошена и со војната во Украина е преточена во 26-те мерки и препораки, што ги донесе Владата, и кои се целосно насочена кон користење на сите ресурси во поддршка на граѓаните и стопанството во време на криза. Засега, никој не почувствува никакво олеснување и ефект од нивните мерки.

Паралелно со неговите манипулативни изјави на ден 07.02.2022 година неговиот ген сек потпишал Договор за јавна набака на хотелски услуги  која граѓаните ќе ги чини 11.800.000,00 скоро дванаесет МИЛИОНИ ДЕНАРИ или 191.262.854 скоро двеста илјади евра!

Ама Таче повторно сее надеж! 08.02.2022 вели: Презедовме чекори, спречиме големи ценовни шокови за граѓаните и стопанството! Којзнае што ќе им бара да вратат еден ден!

Така „загрижен“ за граѓаните на 10.03.2022 повторно истиот тој манипулативно им порача на Владините институции да ги намалат непродуктивните трошоци.

Арно ама, ова не ги „допира“ неговите министри или не важи тоа за нив! Доколку имаа сериозни намери да си ги скратат трошоците немаше Љупче Николоски на 14.03.2022 година да потпише Договор за јавна набака на гориво за возниот парк кој граѓаните ќе ги чини 12.447.500,00 скоро тринаесет МИЛИОНИ ДЕНАРИ или 200.000,00 евра.

„Око не им трепнува“ ниту за криза ниту за народ, си тераат по нивниот план да соберат тоа што останало чунки, изборин се ближат и можеби ќе немаат друга прилика!