
УНИКАТНО: Богојески за двојазичните униформи на ПОЛИЦИЈАТА
Јавноста е силно сензибилизирана за одлуката на Владата да воведе двојазични униформи на Полицијата, а такви се најавуваат и на Армијата. ВМРО ДПМНЕ како главна опозициска сила во земјава истакна дека има став да нема став, додека пак Левица произнесе гол популистички шовинизам, кој поминувал во 19ти век.
Лидерот на Македонски Концепт, Петар Богојески изнесе уникатен став по ова прашање, кој ќе се обидеме во делови да го пренесеме, од неговите објавени колумни и ставови во други медиуми или на социјални мрежи.
Богојески во име на Македонски Концепт има истакнато јасен став за „јазиците на Македонија“, согласно кој сите јазици на сите граѓани треба да бидат во службена употреба, особено во комуникацијата помеѓу граѓанинот и Републиката. Без разлика со кој јазик се користи граѓанинот, на тој може да и’ се обрати на државата и на истиот да добие одговор, плус на македонски и англиски јазик, поради употреба на одговорот во понатамошна процедура во државата или странство.
Богојески смета дека системот кој го воспостави заевизмот на двојазична држава е катастрофа за државата и општеството, а создаваме генерации кои нема да се разбираат помеѓу себе со оглед на фактот што нема да познаваат заеднички јазик, чија основна намена е да се разберат. Тоа заево „едно општество за сите“ создава бинационална држава која ќе се распадне со војна. Тоа не ни треба. Потребен е македонски концепт за државава.
Од тука, во официјална службена употреба помеѓу институциите и во командната комуникација со Полицијата и Армијата може да се употребува исклучиво само еден јазик, за да има функционален систем во таа смисла. Тоа може да биде само македонскиот јазик, како ЛИНГВА ФРАНКА, или јазик што наоѓа систематска примена кај општењето помеѓу луѓе од различни јазични подрачја, особено кога тој јазик е различен од матичните јазици на говорниците.
Според Богојески, на Македонија и треба систем како американскиот, каде англискиот јазик е лингва франка, а службени се повеќе јазици, особено шпанскиот кој го користи скоро 40% од популацијата. На Македонија и треба „Америка на Балкан“, а не и треба „Швајцарија на Балкан“, што е заостанат концепт од времето на Ванчо Михајлов, кој сега го турка Заев и СДСМ, со цел да се кантонизира и уништи унитарна Македонија.
Македонски Концепт е единствено решение за зачувување на унитарниот карактер на македонската Република и нејзино унапредување во полно граѓанско општество. Држава на сите, кои меѓусебно се разбираат и одлично комуницираат и соработуваат.