ВАЖНО: ЕУ и САД го отвараат КОСОВО, дали се спрема втора Украина на Балкан?

Балкан

Претставниците на ЕУ и САД го повикаа Косово да го спроведе договорот со кој се гарантира поголема автономија за општините со мнозинско српско население, потпишан како дел од процесот за нормализирање на односите меѓу Приштина и Белград.

Косово, со мнозинско албанско население, прогласи независност од Србија во 2008 година по бунтот во доцните 1990-ти. Косово се обврза на преговорите со посредство на ЕУ во 2013 година за решавање на отворените прашања, но процесот е закочен поради отстапки за српските општини.

Косовскиот премиер Албин Курти ја отфрли можноста за спроведување на договорот потпишан од неговиот претходник, велејќи дека договорот го поткопува суверенитетот на балканската земја со тоа што им дава широка автономија на Србите, кои сочинуваат пет отсто од населението.

Тоа е истата приказна со одбивање да се спроведат Минските договори во Украина, што и даде за повод на Русија да изврши инвазија врз земјата. Дали оваа слична ситуација со Косово ќе биде причина за воена интервенција на Србија?

„Постои универзален принцип, според кој договореното мора да се имплементира, а тоа е она што им го кажуваме на двете страни“, рече Мирослав Лајчак, специјален пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина по разговорите со Габриел Ескобар, специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан и лидерите на косовската влада.

САД И ЕУ ги посетија и Приштина и Белград, разговарајќи за конечното решение за Косово со политичките лидери. Но конкретно што ќе се преземе како притисок врз Косово да го имплементира договорот не е јасно. Дали со тоа намерно се остава простор за воена интервенција на Србија во Косово, како просторот кој се остави на Русија за Украина?

Ескобар, исто така, повика на спроведување на договорот за српските општини, велејќи дека суверенитетот и територијалниот интегритет на Косово се гарантирани.

„Покрај тоа, начинот на кој Србија и Косово ќе стигнат до точката на нормализација треба да се остави на дијалогот“, рече Ескобар.

Курти смета дека косовските Срби веќе имаат малцински права во согласност со највисоките демократски стандарди на ЕУ и дека не им се гарантирани повеќе отстапки, и го повтори својот повик Србија да ја признае независноста на Косово.

Речиси половина од косовските Срби живеат во северниот дел на земјата, на границата со Србија, и одбија да ја признаат владата предводена од етничките Албанци во Приштина, пишува Ројтерс.