
Ѓаволско ДОБРО УТРО со Аматерката
Kоја е задачата на „АДВОКАТОТ НА ЃАВОЛОТ“ во Македонија?
пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкултет
За терминот „адвокат на ѓаволот“ нема кој не слушнал. Меѓутоа, многумина не знаат на што се однесува овој израз. Спорадичните истражувања врз нерепрезентативен примерок покажаа голема креативност во толкувањето на овој поим. Иако сè уште е мал бројот на луѓето кои го знаат вистинското значење на изразот.
Изразот „адвокат на ѓаволот“ или во оригинал „Advocato Diavolo“ е колоквијално име на формална позиција во католичката црква официјално наречена Promotor Fidei.
Имено, кога до некој соодветен орган во папската администрација ќе стигне предлог за канонизација на некоја личност, задачата на „адвокатот на ѓаволот“ е на секој можен начин да го оспори тој предлог. Без оглед на своите убедувања, тој е должен да изнесе сè, дури и најмалите аргументи кои зборуваат против предложениот светец, без разлика дали неговите гревови биле животни или доктринарни.
Повеќе познат е истоимениот култен филм, кој всушност ја испраќа истата порака.
За жал, кај нас постојано на политичка сцена е присутен по еден таков кој има задача да изнесе се’, дури и најмалите аргументи кои зборуваат против постоењето на македонската држава. Тоа го прави вешто искористувајќи го менталитетот во склоп со дневно политичките збиднувања во државата и светот воопшто.
Негова задача е низ разни облици да го мобилизира македонскиот народ и во определена ситуација, битна за неговото опстојување да го насочи погрешно и „ѓаволски“ да го врати чекор наназад.
Лесно ќе го препознаеме имајќи предвид дека тој, честопати, и работите кои на секој начин биле позитивни, умее да ги претстави како негативни или обратно.
Неговата желба е во него народот да гледа како на „спасител“, а сите останати да ги претстави како штетници на својот народ. Тоа сето го прави на мудар „ѓаволски“ начин пласирајќи невистини и им дава нереални лажни надежи на македонскиот народ.
Не им „дозволи“ на македонците да излезат на референдум и да гласаат ПРОТИВ промена на името на државата, не им „дозволуваше“ да се попишат како македонци, не им „дозволува“ да се чувствуваат како македонци и воопшто да размислуваат за македонскиот интерес. Што би рекле стари, на ѓаволски начин успева да ги сопре во определена ситуација важна за нивното битисување.
За жал, дел од нив поверуваа во неговите ѓаволски лаги и му овозможија удобен живот, но ѓаволот сака повеќе от тоа па продолжува со своите интриги.
Во моментов се случуват геополитички потреси во светот па „ѓаволот“ има одлична прилика за нови штети врз македонскиот народ и се обидува да повлече колку што може повеќе истомисленици и да ги втурне во нова несигурност бидејќи својата енергија и постоење ја црпи од токму од таквата состојба на македонските граѓани.
Епа народе македонски „Кој со ѓаолот, тикви сади, ѓаолот на крај очите му ги вади“!