ТАЖНО: Погодена ХУРЕМ Султан во Украина, многу Турци настрадаа

Европа

„Џамијата на султанот Сулејман Величествениот и неговата сопруга Роксолана (Хурем Султан) во Мариупол беше гранатирана од руските сили“, објави денеска Министерството за надворешни работи на Твитер.

Турската султанка Роксолана била етничка православна Украинка, ќерка на христијански свештеници, киднапирана и продадена во Истанбул од турските пирати. Џамијата била изградена на местото каде таа се родила.

Медиумите од регионот известуваат дека во околината на верскиот и туристички објект засолнети биле повеќе од 80 возрасни и деца, вклучително и турски државјани. Сите биле убиени во рускиот напад.

Поради руските гранатирања наводно цивилите не може да избегаат од градот кој има околу 430.000 жители. Етничките турци се засолнале околу објектот, за кој биле сигурни дека нема да биде нападнат, бидејќи тоа им го гарантирал Ердоган.

Путин започна со масовно убивање на цивили, со надеж дека ќе го скрши народниот отпор и Украина ќе се предаде.