
БУГАРСКИ МЕДИУМИ: Само во Скопје, руската амбасада е понападна од таа во Софија
После скандалозното сооштение на руската амбасада во Скопје, со кое се закани на сите граѓани на Македонија кои не се согласувале со руските политики, дека внимателно ги евидентира, молк од МНР на Османи. Како да станува збор за друга земја.
На тоа зачочнаа да реагираат и странски медиуми, особено оние во Бугарија, каде исто така надмено и заканувачки се однесува руската амбасадорка. Таа од премиерот Петков беше опомената, или да се однесува во склад со меѓународните дипломатски правила или ќе биде протерана.
За таква реакција секако нема храброст ниту македонскиот премиер, а најмалку МНР Османи.
Кај бугарските медиуми се вели дека „Руската амбасада во Република Македонија ги надмина дури и своите колеги во Софија по неприфатливо поведение. Дипломатската мисија на Москва во Скопје директно ги заплаши на фејзбук, дека ги следи сите русофоби и нивните активности, ќе ги пријави на надлежни органи и тие ќе проценат како да одговараат согласно законите.
Ова е заканата на амбасадата до македонските граѓани:
“Обрнуваме големо внимание на невиденото ниво на русофобија забележано во голем број странски земји во светлината на специјалната воена операција во Украина. Ве предупредуваме дека сите вакви инциденти се внимателно евидентирани. Релевантните материјали ќе бидат пренесени до надлежните органи за правна проценка, виновниците ќе одговараат согласно важечките закони”, пишува Амбасадата на локален македонски јазик, се вели во бугарските медиуми.
Русија низ цел свет се однесува арогантно, заканувајќи се со нуклеарно оружје, во надеж дека некој ќе се исплаши и ќе им попушти. На овој гнасен антицивилизациски путинов режим, не смее да му се попушти!