
ТРАГЕДИЈА: Новиот премиер Петков по умот на бумбарите
Во наредните денови во Софија ќе престојуваат претставници на т.н. бугарски организации и здруженија од Македонија, генерално составени од „бугари по професија“ или соработници на старата југословенска служба.
Тие ќе имаат средби со претседателот, премиерот, Министерството за надворешни работи и претставници на политичките партии, пренесува проруската БГНЕС.
Информациите за преговарачкиот процес меѓу двете земји ќе ги побараат и професионалните Бугари од Македонија, бидејќи „тоа директно ги засега и денес и во блиска иднина“, со цел истите да ги пренесат кај шефот Красимир Каракачанов. Тој е исклучен од сознанија за преговорите, вклучително и неговиот извор наречен амбасадор на Бугарија во Македонија.
Тие најавуваат незадоволство од премиерот Петков бидејќи не се работело само за заштита на нашите права, туку и за заштита на бугарското културно и историско минато. За минатото на нивните предци. Дополнително, не станувало збор само за нивнот вклучување во Уставот на РМ – туку тие биле државотворен народ, а не малцинство.
Во делегацијата ќе членувале познатите претставници од Центарот „Иван Михаилов“ – Битола, каде пријавуваат малтретирање по етничка основа од нивните жени, Здружението „Трибуна“ – Прилеп со членство агенти на удба уфрлени во ОМО Илинден, Здружението „Македонско-бугарско пријателство“ – Скопје, продавачи на пасоши, Здружението „Коридор 8“ – Скопје, Здружението „Интеракција“ – Охрид, Здружението „Единство“ “ -Кочани и други разни шарлатани.
БГНЕС потсетува дека ова е прва посета на бугарските здруженија и партии на РМ од почетокот на оваа година. Минатата есен нивните претставници беа примени од сите водечки политички партии застапени во парламентот, кои силно ги поддржаа нивните барања и заштита на нивните права.