СКАНДАЛ: Таче прифатил најлошото, бугарските барања во ЕУ протокол

Македонија

Бугарскиот премиер Кирил Петков откри детали од тоа што било договорено со Димитар Ковачевски во Минхен. Според Петков, Македонија се обврзала заедно со Бугарија да испрати допис до Европската Комисија во кој ќе се обврзе дека ќе го смени Уставот и во него ќе ги впише и Бугарите.

Но тоа не е се, тој прифатил бугарските услови да станат европски услови за членство на Македонија во ЕУ. Со тоа Македонија никогаш нема да стане земја членка на Унијата, од проста причина што Бугарија никогаш нема да биде задоволна и да каже дека се исполнети тие барања, додека Македонија не ја прифати бугарската верзија на историјата и не започне отворен процес на ребугаризација на земјава.

Со тоа, промената на Уставот, но и сите бугарски желби ќе станат официјален услов за прием на Македонија во ЕУ. Ковачевски и членови на неговата Влада досега повеќе пати најавија дека се подготвени да го сменат Уставот, но го немаат потребното мнозинство во Собранието.

Богојески во емисијата Само Вистина на Канал 5 потврди дека СДСМ и ДУИ се во план да направат ново мнозинство за промена на Уставот со цел влез на Бугарите во него, по стариот рецепт со промената на името Македонија. Овој пат не се 8, туку недостасуваат само 6 пратеници, останатите се обезбедени, вклучително и албанските коалициони партнери на ВМРО ДПМНЕ. Богојески потенцираше дека тоа е едно од двете можни сценарија, кои ќе се реализираат следните три месеци.

ВМРО-ДПМНЕ бара реципроцитет – и македонската заедница да биде внесена во Уставот на Бугарија, инаку нема да гласа за предлогот. Но лидерот Мицковски изјави дека има шанса за „разумен напредок“ во преговорите со Бугарија, без да прецизира точно на што мисли. Дали е согласен на второто сценарио, каде бугарските барања стануваат европски услови за Македонија, сеуште немаме потврда.

Планираме да одиме во Европската Комисија со заеднички предлог. Го потпираме на Копенхагеншките критериуми, врз принципот на правна заштита на луѓето од наше потекло. Мислам дека ако Брисел на овој проблем гледа како можност да се забрза преговарачкиот процес, тоа може да биде искористено подоцна и за други држави членки на Балканот, изјави Петков во интервју со новинарот Георги Готев од Еурактив.

Бугарија долго време се обидува нејзините барања насочени кон Македонците да ги претвори во барања на Европската Унија. Со овој предлог, и Македонија практично ќе се согласи дека нејзиниот прием во ЕУ е условен со исполнувањето на бугарските барања, без притоа да се обезбедат еднакви права за Македонците во Бугарија.