ВУЧИЌ се подготвува за војна, што направи?

Балкан

Српскиот претседател Александар Вучиќ на дебата што се одржа на провладината ТВ Прва изјави дека властите нарачале 30 милиони килограми сол и еден милион килограми грашок и грав, исто како и 30 милиони килограми брашно и млеко во прав, пренесуваат српските медиуми.

„Во време кога целиот свет хистерично очекува нешто да се случи меѓу Русија и Украина, не можете да се преправате дека ништо не се случува“, рече Вучиќ, додавајќи дека испораките на гориво се уште се необезбедени.

Сепак Вучиќ заборави дека потребни се и шеќер и масло. Ние во Македонија имаме екстра количини од нив, па нашата Влада комотно спие, за потоа во криза да питаме во Врање.