МАКЕДОНИЈА прва во Европа, помеѓу најдобрите во свет по корупција

Македонија

Поголемиот дел од светот има лоши резултати во годишниот индекс на корупција на Транспаренси Интернешнл.

Користејќи ги проценките на деловните експерти и аналитичари, вклучително и бројки од Светската банка и Светскиот економски форум, невладината организација ги бодува земјите од 0 до 100 врз основа на перцепциите за корупција во јавниот сектор, а 100 е индикатор за чист рекорд.

Во најновото рангирање за 2021 година, објавено на 25-ти јануари, скоро 70 отсто од земјите имаат резултат под 50. Сиромашните земји имаат тенденција да имаат полоши резултати од богатите, делумно затоа што сиромаштијата ја влошува корупцијата и делумно затоа што корупцијата ја влошува сиромаштијата.

Тоа покажува дека корупцијата и сиромаштијата одат рака под рака. Односно, сиромаштијата во Македонија е дирекна последица од корупцијата.

Просечниот резултат во субсахарска Африка е 33, најнизок за кој било регион. Во западна Европа е 66. Македонија е во најкорумпираните земји во Европа, односно прва на листа, а помеѓу најдобрите во свет, секако по корупција.