МЕГА СКАНДАЛ: Вистино(лажо)метар поклони верба на пречесниот Груевски!

Македонија

Вистинометар или Лажометар, кое е вистинското име за една „непрофитна“ организација која дебело профитира од меѓународни финансиери, а во исто време во Македонија наложува цензура од времето на Сталин во СССР. Кој има дава за право на овие „непрофитниве“ за поклунуваат или не верба на овој или на оној или да соопштуваат што е вистина или лага?

Во повеќе наврати, без никаков основ, нашиот портал се најде на мета на оваа најпрофитна организација во обид да бидеме дискредитирани и прогласени за ширење на лажни вести. Првиот пат беше експлицитно објавен документ од Царинската управа на Македонија, со кој се докажува дека министерот за транспорт лаже во врска со автобусите на Беса Транс, објавено беше и објаснувањето на министерот, но Лажометар се најде за повикан да суди што е вистина, а што лага, притоа јавен документ, во оригинал го прогласи за лага.

Тука Лажометар не застанува. Продолжува со својата болшевичка цензура, наметнувајќи страв и забрана за слободно информирање на јавноста. Овој пат на мета се најде објавата на МКДенес за изјавата на Владимир Путин и дали премиерот кој ќе добие азил е токму Никола Грувески https://mkdenes.mk/post16074/.

Веста се повикува на јавна изјава на претседателот Путин споделена во повеќе медиуми, а се поставува прашање, дали тој мислел на поранешниот премиер Груевски. Но Лажометар се најде за повикан да проверува „факти“, па се обратиле кај своите ментори во руска амбасада во Скопје.

Лажометар го известуваат следното:

„Рецензираме медиумски напис објавен на веб-страницата МкДенес, придружуван со Фејсбук објава, во коj се тврди дека поранешниот премиер Никола Груевски заминува кај рускиот претседател Владимир Путин. Фејсбук постот е исклучително вирален, а до моментот на пишување на оваа рецензија има 76 споделувања, над 1900 допаѓања и над 300 коментари. Сите овие интеракции и реакции на корисниците на социјалната мрежа се на содржина која што не се темели на ниту еден извор.“

Со тоа Лажометар не изнесува факти за лажни вести, туку признава дека му смета силното влијание и бројната читаност на нашиот портал, кој не е под болшевичка контрола.

„На почетокот од текстот се тврди дека претседателот на Русија Владимир Путин му ветил политички азил на еден поранешен премиер, меѓутоа не се кажува на кој. Веднаш потоа, без никаква изјава, ниту пак било каков друг доказ или индиција, се тврди дека тој поранешен премиер е Никола Груевски и тоа преку фотографија од експремиерот.“ Со ова Лажометар покажува исклучителна загриженост за пресветлиот Груевски, кој со своето поведение е пример за веродостоен извор на информации.

Дали очекуваното паѓање од власт на Орбан за оваа година, ќе го принуди Груевски сепак да ја избере Русија за своја конечна дестинација, останува да видиме, се вели на крајот од текстот. – констатира Лажометар.

Сега следува главниот обид на Лажометар на лигавење во Болшој амбасадата и да побараат љубов на погрешна врата.

„Вистиномер се обрати до амбасадата на Русија во земјава со прашање дали навистина претседателот на Русија Владимир Путин му ветил, односно дал политички азил на Никола Груевски, но одоговор не добивме“. После тоа е објавен ден на жалост кај Лажоветровци.

„Но, затоа пак, поранешниот премиер Никола Груевски одговори на нашите прашања“. WOW паѓање во несвест. Замислете одговори човекот кој е пример за чест и достоинство, човекот кој нема ниту една кривична пријава, ниту прекршочна во својот живот, кој на мравка не гази, а беше избркан на сила од својата татковина од страна на платениците на Сорос и Калето, од светските предавници како што тој истакнува, кај чесниот и пресветли спасител Орбан. Тој човек заслужува да се праша и да му се поклони верба на кажаното.

Во таа смисла Лажометар констатира:

„Запрашан (Грујо) дали информацијата објавена на МкДенес е вистинита и дали навистина добил политички азил и заминува во Русија, како и дали бил контактиран од страна на Путин за ваква комбинација, тој негираше.

Лага е! Не ме контактирал, изјави Груевски за Вистиномер.“

Алелуја, браво за Никола, нема да оди кај Путин, се враќа во Македонија. Честитки за нашиот голем водач и просветител. МКДенес му се става на располагање на лидерот Груевски, секогаш и во секое време да соопштиме за секој негов став и идеја што ќе му падне на памет, ќе пренесуваме сите негови ставови и постови и жестоко ќе застанеме во одбрана на неговата чест и углед, особено во судските предмети против таков чесен човек.

Штом за Лажометар, Груевски е веродостоен извор на информации, секако таков ќе биде и за МКДенес.

Со оглед на огромната загриженост за чистотата на ликот и делото на експремиерот Никола Груевски и тоа што ги уважил Лажометровци со изјава дека станува збор за невистинито тврдење и дека Путин воопшто не го контактирал, објавата што ја рецензирале ја оценуваат како невистинита.

Останува уште Путин да го прогласат за веродостоен извор на информации, а Бајден за ширач на лажни вести, за МКДенес да започне да ги споделува сите „вистинити“ вести кои доаѓаат од болшој кујната на другарот Путин. Ги чекаме на потег Лажометровци.