ТРАМП до Бајден: Остави ја Украина, нападната е Америка

Свет

Говорејќи на митингот „Спасете ја Америка“ во Конро, Тексас во саботата, поранешниот претседател Доналд Трамп ја критикуваше администрацијата на Бајден за опседнатоста со тоа како да се заштити границата на Украина, додека ја обвини дека замижува пред кризата кај САД и граница со Мексико.

„Сите во Вашингтон се опседнати со тоа како да се заштити границата на Украина, но најважната граница во светот во моментов за нас не е границата на Украина, таа е границата на Америка“, им рече Трамп на своите поддржувачи.

Милиони мигранти од Јужна Америја и Мексико постојано се движат кон САД и надвор од иселеничкиот режим влегуваат и илегално живеат во таа земја.

Трамп е познат по таа реторика уште за време на неговиот мандат, но и по изградбата на ѕидот долж американско – мексиканската граница, кон по смената на власта во САД недоволно се заштитува.