ПАЃА границата со Косово, Македонија влегува во српско – косовските преговори

Балкан

Неодамнешната делегација од ДУИ на чело со лидерот Али Ахмети во Косово и средбата со премиерот Албин Курти, сепак имала скриена цел. ДУИ на своја рака во име на Македонија договориле паѓање на границите со Косово, односно заедничкото управување со граничните премини.

Иако за оваа средба Ахмети и Курти имаше партиско соопштение на ДУИ, сепак остана нејасно во кое својство партија преговара со друга влада и дали е за тоа овластена од владата на Македонија. Дали Ахмети е веќе премиер на Македонија, па предводи државни делегации на средби на ниво на влади.

Покрај падот на границата помеѓу двете држави, сепак Ахмети и Курти разговарале за дијалогот Косово-Србија, што е дирекно вмешување на Македонија во косовското прашање на страната на Косово. Кој го овластил Ахмети и во чиво име тој влегува во овој отворен процес, кој е чувствително прашање за двете соседни држави?

Како може во име на Македонија, Ахмети на своја рака да изјавува дека тоа е „процес кој треба што поскоро да се заокружи со меѓусебно признавање меѓу двете земји за да се одржи стабилноста и просперитетот на земјата и за подобра иднина на граѓаните, бидејќи според двајцата соговорници местото на целиот Западен Балкан е во големото европско семејство, во траен мир, безбедност, стабилност“, како што стои во соопштението од ДУИ.

За чиви граѓани говори ДУИ во ова соопштение? За која земја? Што има Македонија со тоа прашање и на кој начин стабилноста и просперитетот на Македонија зависат од косовското прашање? Дали тоа се збуниле да започна со изјави во име на Косово?

„Продолжуваме да му даваме поддршка на Косово во однос на изнаоѓање решение со Србија преку заемно признавање“, нагласи Ахмети.

Вулгарноста е до тој степен што во соопштението стои „двете владини делегации го завршиле денот со пријателска вечера“. Кои се тие владини делегации? Која е улогата на Ахмети во Владата? Дали на Таче му кажале дека веќе не е премиер?

Ахмети во својство на премиер, на средбата бил придружуван од првиот вицепремиер Артан Груби, министрите Бесими, Османи, Шаќири, Бектеши, Нуредини и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми. Таму биле пречекани од премиерот на Република Косово, Албин Курти, кој бил придружуван од министерката за образование, наука и технологија, Арберие Нагавци, министерот за финансии, труд и трансфери, Хекуран Мурати, министерот за животна средина, просторно планирање и инфраструктура, Либурн Алиу, министерот за одбрана, Арменд Мехај и шефот на кабинетот Луан Далипи.