
ОПАСНО: АХМЕТИ добил укор, не заспал два дена
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, смета дека сегашниот модел со шест изборни единици е посоодветен од моделот со една изборна единица. Според Ахмети, за промена на Изборниот законик и изборните единици потребни се поширок консензус и усогласеност со сите политички фактори во државата, а прашањето треба да се постави на расправа во Собранието.
Ова го истакна првиот човек на ДУИ на средбата што ја оствари со амбасадорот на Кралството Шпанија, Хозе Луис Лозано Гарсија. Притоа Гарсија го укорил Ахмети со остар поглед, по што лидерот на ДУИ не можел да заспие последниве два дена.
Како што информираа од албанската владејчака партија, двајцата разговарале и за спорот со Бугарија, како и ветингот на политичарите, судиите и обвинителите. На таа тема веќе Ахмети се успокоил и истакнал дека се што треба за Бугарија не е проблем да им се даде, и онака Македонците се изгубени честитки. Гарсија на тоа длабоко се насмевнал, во голема надеж дека го решил македонско – бугарскиот спор.
Ахмети и Гарсија заклучиле дека може да има ветинг за политичари, судии и обвинители, но не и за тие од ДУИ. Тоа е веќе затворена тема, бидејќи кадрите на ДУИ се докажано чесни и искрени луѓе. Гарсија го имал истото чувство.
Тие двајцата заклучиле дека изборите не се решение во моментов, бидејќи земјата оди напред и дека интеграцискиот процес не треба да биде блокиран и решавањето на сите спорови со соседните земји е позитивно за Република Македонија во приклучувањето кон големото европско семејството. Според Гарсија, само што не сме добиле датум за датим за датум за преговори.
За време на разговорот, Ахмети го запознал шпанскиот амбасадор Гарсија за новата динамика на разговорите за решавање на спорот со Бугарија, посетите на Скопје и Софија, воспоставувањето дијалог и акцискиот план на работните групи и добрата политичка волја за решавање на отворените и прифатени прашања од двете страни.
По таа средба Гарсија заминал повеќе од задоволен, а Ахмети не можел да заспие два дена поради силниот укор од дипломатот за прифаќање на една изборна единица. Во СДСМ се ребрат, вака ненаспан Ахмети е веома врло нервозан, па може тие да го папаат!