
ДУИ го има клучниот збор, Богојески докажа дека не мора да е така
Откако ВМРО-ДПМНЕ призна дека претходно биле за 120 изборни единици, но сега ја согледале фактичката состојба во државата која е алармантна и дека поради тоа бараат промени во изборниот законик за една изборна единица, СДСМ започна повторно да манипулира со јавноста и своите коалициони партии, вадејќи се на ДУИ и нивното несогласување за една изборна единица.
Факт е дека ние пред две години како партија бевме за 120 изборни единици, но факт е дека ја согледуваме моменталната реална состојба во државата а тоа е дека навистина Македонија е во една незавидна положба. Не е тука само спорот со нашиот источен сосед, туку генерално демократијата. Власта мака мачи за да ја одржи коалицијата условувана и уценувана, токму тоа ние да се прилагодиме на моменталната и навистина алармантна состојба во државата, согледуваме, анализираме и велиме, ајде нека биде една изборна единица, велат од ВМРО ДПМНЕ.
СДСМ не прифаќа една изборна единица бидејќи ДУИ не се согласува укажувајќи дека повеќе од јасно е дека клучниот збор во коалицијата го има ДУИ. Кој е на власт, СДСМ или само Ахмети? Има ли одговор на тоа прашање? Дали Ахмети е лидер на СДСМ? Ова се низа прашања кои ги поставуваат граѓаните.
ДУИ не се согласува со една изборна единица, иако СДСМ уште во 2016та година го имаше во својата програма, лани пред година дена Зоран Заев кога беше премиер исто така кажа дека е за една изборна единица, така да, навистина повеќе од очигледно е дека во коалицијата иако велиме дека СДСМ е власт во оваа држава, клучниот збор сепак го имаат ДУИ, изјавија од ВМРО ДПМНЕ.
Богојески од своја страна докажа дека не мора да биде така. Тој на социјалните мрежи објави реакција за однесувањето на СДСМ.
ВМРО ДПМНЕ – (ЗА) една изборна единица! СДСМ – (ЗА) една изборна единица!
Првите со коалиција 44 пратеници! Вторите со коалиција 46 пратеници! Вкупно (ЗА) 90 пратеници!!!
Па што не го ставите предлогот на гласање во Собрание?!? Чуму ви е ДУИ за тоа?!? До кога на ДУИ ќе се вадите?!? Или не смеете да им писнете на 15тина од ДУИ?!?
Срамота е ова, над 2/3 пратеници не смеат една одлука во интерес на Македонија ја донесат! Жално! Мизерно!
Мое беше да Ви кажам, а Вие си знаете, напиша Богојески.