
Скопје под опсада
Македонија е се повеќе загрозена од внатрешни џихадистички групи. Тие се појавија во јавност откако на власт во земјата дојде СДСМ и Зоран Заев. Нивната последна манифестација со изблици на ширење на верска омраза и закана кон христијаните се случи во Скопје. На денот на протести за поддршка на Палестина.
На истото реагираа дел од македонските политичари и граѓански актвисти. Но власта застана на страната на џихадистите. Дали СДСМ е дел од сценариото за џихадизација на Македонија, останува да констатираме.
Откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја стави Македонија на листата на земји кои го поддржале Израел во конфликтот со Хамас, во Скопје се засили џихадискичкото поведение. Се појави јавна поддршка за Палестина. Во општината Чаир во т.н. населба Јаја Паша, во знак на поддршка се вее знамето на Палестина.
Поставен е огромен банер составен од повеќе знамиња. Официјалната позиција на македонската влада за поддршка на Израел во конфликтот со Хамас, кој заврши со примирје, не важи во овој дел од главниот град. МВР молчи и не интервенира. Министерот Оливер Спасовски исчезна од јавноста. Загрижен за внатрепартиските пресметки во СДСМ и загрижен за сопствената министерска позиција. Молчи и ВМРО ДПМНЕ, кои немаат постојан став. Лидерот Мицкоски не ги разбира овие теми и дава контрадикторни изјави.
Предходно премиерот Зоран Заев, МНР на министерот Бујар Османи и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски ја поддржаа позицијата на САД и ЕУ кои ги осудија нападите на Хамас врз Израел.