МАНИЈАК влегол во стан на скопјанка, таа „задоволна“ го демантира МВР

Хроника

Министерството за внатрешни работи попладнево информираше дека скопјанка пријавила едно лице за недолично однесување (самозадоволување) на територија на општина Аеродром. Веднаш по објавата на веста до редакцијата на Скопје Инфо стигна реакција од скопјанката, која ја демантира веста од полицијата и во целост го раскажува настанот.

Драматична и трауматична „средба“ со перверзен маж имала жителка на скопската населба Аеродром. Таа во изјава за Скопје Инфо раскажува дека мажот се качил на нејзината тераса на приземјето од зградата во која живее, по што почнал да се самозадоволува.

„Вторник, 28ми декември, бев сама во мојот стан на приземје позади Бисер каде и живеам сама. Имам голема тераса и двор. Излегувам на цигара некогаш навечер и секогаш ја заклучувам вратата од терасата. Овој пат не ја заклучив бидејќи знаев дека сум тука блиску и ќе излезам повторно. Половина час откако испушив цигара, ми се јави мајка ми, разговарав со неа, одејќи напред назад низ кујна-дневна.

Наеднаш, без да слушнам ништо, гледам некој ја отвора вратата од тераса и ВЛЕГУВА ВНАТРЕ ВО СТАНОТ, ПРАВИ ЕДЕН МЕТАР ЧЕКОР, ПАНТАЛОНИТЕ СПУШТЕНИ И ПОЧНУВА ДА СЕ САМОЗАДОВОЛУВА. значи ова не е САМОЗАДОВОЛУВАЊЕ НА ЈАВНО МЕСТО него е ВО МОЈОТ ДОМ, ЗНАЧИ Е И ПРОВАЛА. Јас почнувам да викам на цел глас целосно во шок од кој се уште се опоравувам, немам сили од шокот да направам ништо само викам а тој неколку минути продолжува да го прави тоа гледајќи надолу, нема никаква реакција на моето РИКАЊЕ И ПАНИЧЕЊЕ“, раскажува вознемирената жена.

Таа вели дека искуството го споделува за да ги предупреди жените во населбата и посебно во делот околу ТЦ „Бисер“ околу тоа што може да им се случи.

„Дури после одредено време откако почнав да мрдам-сакав да излезам надвор или да фатам предмет- тој набрзина излегува и забележувам дека во три чекори успева да ги прескокне и бетонската ограда од балконската тераса и оградата од дворот. Инаку дворот има висока ограда но тој успеал да најде едно делче каде може да се прекачи-со помош на качување на трансформатор.

Веднаш викам полиција, дојдоа направија записник, рекоа отворен е случај ќе се трага лицето. Но не земаа отпечатоци, нити некој друг особен труд вложија, а и од досегашни кажувања и искуства не верувам дека нешто ќе се направи. За жал, не се сеќавам многу на ликот, но знам дека беше млад висок околу 179 можеби, со темна јакна и капуљача и очигледно ме демнел, каков ми е дворот, кога сум сама дома, излегувам на цигара, па и кога ја оставам вратата незаклучена (а во пет години тоа се случило само неколкупати)“, раскажува жената.

Полицијата беше исто така збунета бидејќи вакви типови на луѓе обично не влегуваат дома и тоа го прават на јавни места, улици, паркинзи, паркови, влезови.Жива среќа што не ме нападна но тоа не го намалува стресот, јас веќе нема да можам да бидам сама нити ќе излегувам на тераса.