Булеварко: Онаа Мeрсихa осудила ли еднаш…

Изјави, Македонија

Овие што деновиве леат солзи за Пaлeстинцитe (нека почиваат во мир). Дали еднаш зуцнаа, бекнаа, го покажаа човечкото во себе за систематското уништување на Христијаните по светот? Ставија некоја верска реликвија на себе во чест на овие страдни души?

Не пријатели….Атеистите, Левичарите, анти Христите нема да ги видите да се загрижат кога страдаат Христијаните. Чунки анти- христот втемелен во тие политички ориентации, невладини организации, имаат за цел да го уништат исклучиво Христијанството!

Тие честитаат Рамазан Бајрам, но не и Велигден! Тие носат Арафатки, но не и Христијански обележја! Тие демек жалат и сочуствуваат со страдањето на Муслиманите, но не и на Христијаните! И онаа Мерсиха големата поборничка за човекови права, но само од Исламска вероисповед… Осудила некогаш напад над Христијаните по светов?

Волци во јагнешка кожа се сите што селективно жалат за жртвите во светот. Не се луѓе тоа туку легии на оние војски што убиваат луѓе! Затнете ги тоа устите лажливи. Светот не почна да страда со конфликтот во Израел. Тој страда постојано. За Христијаните настрадани еве не можам да најдам по нетов, ни една ваша осуда! Ни еден настан поврзан со тие луѓе! Далеку сте од хуманисти! Сорта анти човечка, лицемерна и крвава….