ГPУEBCKИ cо нeвoзмoжнa пpикaзнa пpeкy кyпeни мeдиyми

АНАЛИЗА

Лудилото и очајот на Груевски да се извлече од обвиненијата за криминал, а да ги намести другите, обично неговите најблиски соработници. Преку платените „медиуми“ во Македонија тој ни пласира невозможна приказна, од која може да добиете нагон за повраќање и за смеење во исто време.

Приказната започнува вака, наводно сведоци во судот на рочиште за случајот „Плацеви на Водно“ откриваат дека новиот “Нинџа” на Јавното обвинителство, Aлександар Ивановски попознат под прекарот Алек Теранова, демек кодош кој го предал вождот Грујо. Тој демек важел за контроверзен бизнисмен, а тоа Грујо додека бил премиер не го знаел и мислел дека Алек Теранова е часна сестра, па отворил фирма во Белизе преку која перел сопствени пари, а не на Грујо и компанија, а сега ги предал нив, за што Грујо не може да објасни како тоа има документи за него и зошто се замара со тој Алек ако сам правел криминал? Е сега, приказната продолжува со чесниот и патриот, безправно обвинет познатиот бизнисмен Орце Камчев, кој бил многу добар и лојален соработник на екс премиерот Никола Груевски и екс директорот на УБК, Сашо Мијалков.

Нервозата пораснала кога во судот сведочела Менка Марковска, сведок на обвинителството која е вработена како адвокат во адвокатското друштво Чупич и Марков, за кои исто така Грујо не знаел дека се такви нечесници, а мислел дека се исахисти – монаси од Света Гора.

Таа посведичи дека адвокатот Серјожа Марков кој и е работодавач ја повикал во канцеларија, а таму бил присутен и Алексадар Ивановски – Алек Теранова. Демек сега по ново лошиот, а до некни додека не проговори беше „легендата Алек“, љубеникот на Грујо.

На тој состанок Серјожа ја запознал со Ивановски и и’ посочил дека треба да се направи фирма со странски капитал која тој ќе ја финансира. Адвокатката ја побарала потребната документација на што добила одговор дека истата ќе ја обезбеди Ивановски. Замислете за тоа Грујо вика „чудим ја“, зошто таа фирма користела пари од партијата ВМРО ДПМНЕ и купувала имот во негово име.

Неколку дена подоцна бизнисменот Алек Теранова повторно се видел со адвокатката во присуства на Серјожа Марков, средба на која Ивановски и кажал дека директор на фирмата „Sirah Limited“ од Белизе ќе биде Ристе Новачевски, кој само случајно му бил кум на тогашниот премиер Никола Груевски. И за тоа Грујо вика „чудим ја шта је ово“, јас тој лик не го познавам. А и тој лик во меѓувреме ја отвори устата и сега не може да го замолчат во ОЈО.

Потоа што нејзиниот работодавач и пречесен монахо адвокат Серјожа ја замолил адвокатката да биде „внимателна во комуникацијата“, зашто овој Теранова е опасен играч, Ристе е опасен кум, а за тоа Грујо не знае и се му прават зад грб.

Неколку дена подоцна кога таа заминала во Централен регистар да ја формира фирмата, била известена дека Новачевски не може да биде управител на фирмата бидејќи бил член на Управен одбор на фирма чија сметка е блокирана. Замислете Ристе да ти бил шворц на среде власт на кумашинот.

Веднаш потоа таа го известила својот надреден, Серјожа кој и рекол дека пречката е остранета по брза постака во ЦРМ, онака случајно без ургенции како за сите граѓани и бизнисмени, па Новачевски преку ноќ можело да биде управител, а се што треба таа да направи е да оди да провери во Центарлен регистар.

Чесните медиуми на Кољо Превара го користат сведоштвото на Марковска да продолжи сказната со тоа дека се упатува на намештајка на обвинителите токму „крунскиот сведок“ на обвинителството кој треба да се најде во улогата на демек кодошот Александар Василевски – Нинџа, кој соработуваше со обвинителството во случајот 27 април и лажно сведочеше со цел да се докаже обвинението на Русковска, сега бил Алек Теранова, оној кој перел пари преку фирми на Белизе, а за тоа Кољо појма немал.

Сторијата на грујовци продолжува со „докази“ дека бизнисменот Алек Теранова воопшто не е обвинет во случајот „Плацеви на Водно“, а тоа упатувало дека тој соработува со обвинителката Лиле Стефанова, што замислете било грев кон Вождот Кољо Превара, а не законска обврска, со цел преку лажни сведочења да го потврди обвинението. Демек овој истиот Алек кој до некни беше омилен на сите елитни журки кај Грујо, сега станал лажован.

Лудилото во сказната на Кољо Превара оди до таму да имал доказ за соработката на новопечениот кодош Алек со ОЈО, а тоа е претходен превид на надлежната обвинителка во предметот „Плацеви на Водно“, Лиле Стефанова, која на несакање ја открила уцената под која се наоѓа главниот сведок Ивановски.

При презентирање на докази во врска со основање на фирмата „Сирах Инженеринг Лимитед“ од Белизе, Стефанова презентираше копија од лична карта на основачот на компанијата Ристо Новачевски, но замислете по грешка и патната исправа на Александар Ивановски кој во случајот не е обвинет, туку е сведок на обвинителството. Тоа така го замислува светот Кољо Превара, како мали Џокица.

Следува крајот на оваа неверојатна приказна. Замислете, проблематично било тоа што до сега не се знаело под кои околности Алек „Теранова“ е сведок, а не обвинет во истата постапка, иако против него се водела истрага, како што ненамерно денес покажа и Стефанова, а Грујо баш сакал да го види повторно до него на обвинителна клупа.

Адвокатот пак на обвинетиот Сашо Мијалков, Петар Василев, приговараше на оваа ситуација, тоа зашто немаат никаква координација со Кољо Превара, потенцирајќи дека токму Александар Ивановски, неговиот најблизок бизнис партнер после Орцето секако, е лицето кое ги сторило сите криминогени дејствија поради кои неговиот клиент и другите обвинети во предметот сега се пред судија, а Ивановски е сведок. Ристе секако исто така е часна сестра. Кое разочарување се овие „големи“ фаци!

ПП