ОВА го може само СДСМ, ексклузивна вест

Изјави

Само во СДСМ може за лидер на партијата да се кандидира човек кој учествуваше дирекно во нападот и палењето на Американската амбасада во Скопје, во знак на одмазда поради нападнатиот негов идол Слободан Цобе Милошевиќ.

Поранешниот организационен секретар на СДСМ, екс советник на премиерот Зоран Заев и поранешен директор на УБК, Миле Зечевиќ вели дека заслужува да дојде на лидерското место на СДСМ на местото на Зоран Заев. Не се гледа на местото премиер, објави Зечевиќ на дебата на ТВ 24, но за лидер можел да вози. Само не изјави дали ќе изгради статуа на Милошевиќ во дворот на партиското дувло на СДСМ?

Тој смета дека поради стабилноста на земјата и мнозинството, Заев треба да остане претседател на владата.

Миле Зечевиќ од СДСМ во емисијата 24 анализа истакна дека треба да се сочува заедништвото на партијата и на СДСМ не му се потребни турбуленции во овој момент. Тој очигледно за сериозни не ги смета двајцата кандидати, Ременски и Ковачевски.

“Добро би било за нас како партија да го продолжиме процесот и сум уеден дека никој освен Зоран Заев не може да води владата за да во 2024 излеземе на редовни парламентарни избори. Тоа е мојт став и позиција. Секое друго решение го смертам како решение кое ќе не воведе во предвремени парламентарни избори”, рече Зечевиќ