
ВОНРЕДНИ ВЕСТИ: Гаши кажа ДА, еве кога ќе бидат новите избори
Африм Гаши кажа да, ќе се „омажи“ за Заев. Разведен и разочаран од уценетиот Села, Гаши влегува во нов брак од интерес. Интересот е нови парламентарни избори на пролет 2022 година, на кои неговата Алтернатива ќе настапи од позиција на власт, ослободена од минатото и опашките на Зијадин Села.
Сè поизвесно е дека премиерот Зоран Заев ја убеди Алтернатива на Африм Гаши да се приклучи на владејачката коалиција, но тоа ќе го стори по цена на одржување брзи предвремени парламентарни избори по иницијатива на својот коалиционен партнер Али Ахмети. Алтернатива се отцепува од коалицијата со Алијанса за Албанците, што е дирекна услуга за ДУИ, кои веќе покажуваат апетити за освојување уште еден мандат преку присвојување на искрените и разочараните, но и на клиентелистичките гласачи на Алтернатива од минатите избори.
Според нивните соговорници, голема е веројатноста партијата на Али Ахмети да повика на предвремени парламентарни избори кои би се одржале идната пролет, а на кои ќе се обиде да ја искористи разединетоста кај „контра-ДУИ“ опозицијата.
Дека се крчка таков план во Мала Речица говори и вчерашната изјава на висок функционер на ДУИ, кој откри дека партискиот лидер Али Ахмети ќе се обиде со сите сили да го убеди премиерот Зоран Заев до март идната година да не си поднесува оставка од премиерската функција. Тоа значи изборите ќе бидат 100 дена после 1 март или некаде крајот на мај!