ЛУКАРЕВСКА се правда, ама и се сака

Изјави

Заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска за ТВ24 изјави дека таа не би се кандидирала за лидер на СДСМ и со тоа се обиде да се оправда за пројавените амбиции, кои молкавично се пренесоа низ членовите на таа партија, но и наиде на жесток одговор од страна на Заев и пред се амбицираната Шеќеринска.

лукаревска

„Во моментов премиер и лидер на партијата е Зоран Заев, јас не би се кандидирала за лидер. Ќе видиме како ќе се развиваат работите во Собранието. СДСМ не прави отстапки во преговорите за проширување на мнозинството. Заложбите со Алтернатива ни се заеднички, а тоа се евроинтегративниот процес и прогресивните политики во државата“ вели Лукаревска.

lukarevska

Дали оваа изјава открива дека сепак таа посакува да биде премиер на местото на Заев? Тоа секако ќе ја доведе во дополнителен жесток судир со Шеќеринска, која веќе се гледа како следен премиер на Македонија.