ШЕЌEPИHCKA му објави вojна на Зaeв

Политика

Ситуацијата во СДСМ врие, секој со секого се пресметува. Дали СДСМ ќе биде единствената партија која ќе се распадне од позиција на власт? Доколку паднат во опозиција, тоа е повеќе од извесно.

Еден од генералите во таа војна е избрканата заменик претседател на СДСМ Радмила Шеќеринска. Таа сега гледа можност да го возврати ударот кон Заев и во тоа не се колеба. Информациите говорат дека ќе се обиде со меѓународна лоби поддршка да го земе премиерското место, додека Заев се занимава со тронот во партијата.

Таа веќе не се воздржува и јавно да коментира дека вината за катастрофата на СДСМ е токму во однесувањето на Заев. Запрашана за оставката на лидерот на СДСМ, Зоран Заев по изборните резултати, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска смета дека Заев направил грешка.

– Сметам дека претседателот на СДСМ и премиерот погреши што го врза својот мандат со резултатот на локалните избори. Ако е така тогаш парламентарните треба да се заедно со локалните. Мојата проценка е дека изјавата на Заев води кон нов лидершип и партиски и владин, вели Шекеринска.

Со тоа Шеќеринска јавно потврди дека му дошол крајот на Заев и дека ќе има нов лидер и премиер. Дали таа се гледа во таа улога? Секако да, говорат нашите информации од дипломатски извори. Рада е веќе во широка офанзивна акција.