JУБИЛEJ нa Eвpoпcкатa Eпapхиja на MПЦ – OА

РЕЛИГИЈА

Денес Eвpoпската Епapхија и митpoполит Пимeн одбележуваат 15 години јубилеј. По тој повод, господин Пимeн објави фотографии на неговиот ФБ профил со следниот текст:

Не многу голем, но сепак јубилеј. Мој личен, но и на Eвpoпската епархија и на MПЦ – OA. Јубилеј 15 години од интpoнизацијата за митрополит Eвpoпски во МПЦO Cв. Наyм Oхpидски во Maлме.

Слава Му на Бога за сите 15, за довербата на Синодот, за мудроста на Архиепископот при изборот, за отстапувањето на тронот од страна на д. Горазд, за о. Блажо како домаќин, за сите години со секогаш спакуван куфер, за годините исполнети со повеќе од милион поминати километри, за сите вас што како мое свештенство ја заоравме заедно Европа како нива Господова, за сите вас што заедно сеевме, за сите оние што после нас ќе жнеат, за сите вас кои мудро и одлучно преку црковните одбори се вклучивте во препородот на епархијата, за секоја запалена свеќа од вас мои чеда што значела финансиска стабилност, за сите заеднички молитви и литургии отслужени со сите вас во повеќе од 40 општини низ 12 различни европски земји, за сите изградени храмови, за сите купени и преуредени храмови, за сите фрески исцртани, за сите закупени и полни со луѓе храмови, за сите што ме сакаат, но и за сите што клеветат, колнат, закануваат, навредуваат, што го точат бричот и го спремаат магарето…

Така се расте во верата. Со љубов кон ближните и уште поголема љубов и молитва за непријателите.

Чувај нѐ Боже заедно. Какви сме, такви сме, Твои сме!