ЗАЕВ има нешто да Ви каже на сите граѓани

Изјави

Заев излезе од пештерата на Латас и силно Ви порачува дека Христијан Мицкоски го интересира само власт по секоја цена, без да има никаква политичка идеја, вредности и платформа, како реакција на пресот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, кој најави дека ќе се обиде да формира политичка влада, откако се самоубеди дека има мнозинство со ААА, Левица и Беса. Наводно Заев не го интересира власт, туку од љубов е помеѓу нас.

„Денеска народот слушна од Мицкоски дека целта му била да руши Влада со политичка партија која е дел од актуелната влада – БЕСА, дека земјата ќе ја носел напред ама со анти-НАТО и анти-американски коалиционен партнер – Левица. На следниот состанок на масата на новата коалиција останува да ги стави фотографиите од Орце Камчев, Никола Груевски и Сашо Мијалков и да изјави дека заедно ќе го расчистуваат криминалот на ВМРО-ДПМНЕ“, соопштија од СДСМ.

Од партијата на Зоран Заев поворно ги повикаа на соработка, како што велат, сите прогресивни демократски сили и сите пратеници кои се за европска иднина, за правда и економскиот напредок.

„Не може тие што ги кочеа сите прогресивни процеси, интерграцијата во НАТО и ЕУ, порастот на платите да бидат опција за иднината. Ќе видиме деновиве дали ќе се избере нова анти-демократска, анти-Преспа, анти-НАТО и анти-ЕУ Влада, дали Мицкоски има капацитет и одговорност“, порачаа од СДСМ.