Еве што ќе прави СДСМ

Изјави

СДСМ нема да се реформира, туку ќе се реорганизира, тврди Сања Лукаревска, заменик претседател на СДСМ, која и го зема партиското столче на Шеќеринска, по што следуваше ладна одмазда. Таа тврди дека во моментот работат на реорганизирање на партијата, но никако да кажат што подразбираат со тоа. Имаат ли некој план и идеја?

лукаревска

„Заедно со претседателот Зоран Заев и со органите на партијата работиме на решенија и одлуки со кои СДСМ се реорганизира, а со единствена цел да продолжи да работи во интерес на граѓаните и државата. За секој конкретен, дефиниран чекор, јавноста навреме ќе биде информирана“ истакна Лукаревска.

Овие прашања се актуелизираа откако лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев во недела вечер по вториот круг од локалните избори, каде владејачката партија ги загуби повеќето од општините, си поднесе оставка од двете функции.