
Протест на родителите пред МОН
Протестот започна точно на пладне од пред Министерството за образование. Демонстрантите мирно се упатија кон Владата, а крајна цел на маршот ќе биде Собранието.
Родители , професори , ученици денес се собраа пред Министерството за образование и наука. Се протестира против најавените образовни реформи и дигитализација на наставата.
Се покрена иницијатива со која се бара преку референдум граѓаните да имаат можност да се изјаснат за образовните реформи. Не се задоволни ниту од, според нив, т.н. дијалог со надлежното министерство. Велат законите се носат без консултации со засегнатите страни.
Најмладите со порака до МОН: Книга во рака да учиме без мака !
Да видиме каков ќе биде исходот .