СИТУАЦИЈАТА излезе од контрола, Македонија засрамена

Политика

Кампањата за Локални избори 2021 година зема сосема погрешен правец. Од борба на идеи и проекти, се претвори во борба на меѓусебен линч. Во таа насока предничи изборниот штаб на СДСМ.

Дека ситуацијата излезе од контрола сведочат и последните билборди на СДСМ, во брендот на кампањата на кандидатката Данела Арсовска, со ликот и нејзиното лого, но внесено е „КМЕТ на ПЕТРИЧ“, сакајќи да алудираат на наводното нејзино двојно државјанство од Бугарија и адреса на престој во Петрич.

Оваа кампања не само што е неетичка и неприфатлива за концептот на граѓанска држава, туку и дирекно ја поддржува бугарската пропаганда против Македонија, со која Бугарија сака да докаже дека Бугарите се малтрерирани во Македонија.

Оваа кампања на СДСМ им оди дирекно во прилог на Бугарија и ги докажува нејзините тези. Дополнително отвара нов проблем во билатералните односи помеѓу двете земји, но ја поткопува и мултилатераната позиција на Македонија.