БУЈАР тврди: Ванчо лаже за Самоил

Изјави

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, негираше дека тој или било кој друг од министерството што го предводи вршел притисок врз работата на членовите на Комисијата за историско-образовни прашања со Република Бугарија.

Реакцијата на Османи дојде по оставката на Ванчо Ѓорѓиев, член на комисијата, кој образложи дека МНР вршело силен политички притисок и дека без негова согласност е прифатена промена на учебникот по историја во делот за цар Самоил.

– Министерството за надворешни работи никогаш не правело притисок по однос на содржината на разговорите и одлуките што ги носат членовите на Комисијата за историско-образовни прашања со Република Бугарија. Вчера се одржа првиот ден од средбата. Се надевам дека денеска ќе има прогрес, членовите на Комисијата имаат прво и да се повлечат или да останат, и порано имаше неколку членови коишто се повлекоа заради различни причини, меѓутоа овој процес продолжува и ги охрабрувам членовите на комисијата да се обидат да најдат решение за да се оди напред во договарањето – изјави Османи.

Тој додаде дека Министерството ќе учествува во обезбедувањето на формата и давањето на логистичката поддршка на работата на Комисијата.

– Се надевам дека денеска ќе има прогрес, членовите на Комисијата се разбира имаат прво и да се повлечат или да останат, и порано имаше неколку членови коишто се повлекоа заради различни причини, меѓутоа овој процес продолжува. Јас ги охрабрувам членовите на Комисијата да се обидат да најдат решение за да се оди напред во договарањето и на заедничките текстови за заедничко одбележување, меѓутоа и за препораките за учебниците.

Колку што знам, вчера тема била Самоил чиј текст веќе е договорен од пред една година, меѓутоа прашањето било како тој текст и дали треба тој текст да се препорача како насока за учебниците. Така што се разговараше за прашање кое што веќе е апсолвирано уште минатата година. По однос на заедничкиот наратив немаше ништо ново како тема, за да може да има потреба од каков било политички притисок или, пак, за да има причина за политизирање на Комисијата во рамки на сегашниот предизборен контекст – рече Османи.