
Бapaj ЛOГИKA во гpaд Cкoпja
Град Скопје пред неколку денови објави оглас за купување Градска куќа. Според условите наведени во огласот, новиот објект во кој ќе бидат сместени градоначалникот на Град Скопје и градската администрација, мора да биде во строгиот центар на градот односно во Мал ринг. Да има површина од 4.000 до 9.000 метри квадратни, паркинг простор за 20 до 70 возила, обезбедена инфраструктура и имотен лист или лист за предбележување. Да ставеле само уште газдата да има плави очи и сите ќе им поверувавме дека набавката не е наместана.
„Проценетата вредност за набавка на објектот не треба да биде поголема од 11 милиони евра со вклучен ДДB. Парите се обезбедените од буџетот на Град Скопје, а плаќањето ќе се врши на најмногу 24 месечни рати“, стои во огласот објавен во неколку дневни весници.
Рокот на поднесување на понудите е 15 календарски дена од денот на објавување на огласот, односно понудите треба да се достават во тек на изборна кампања, за никој да не забележи што се набавува.
Во моментов, градоначалникот на Град Скопје и администрацијата се сместени во бараките кај Градски парк. Откако ќе се исели градската администрација во нов објект, на местото на бараките ќе се гради монтажен паркинг со спортски терени. Маркичката за деловен простор на оваа парцела, со приземје, 5 ката и поткровје, e избришана со новиот Детален урбанистички план Градска четврт 3.12- локалитет Парк 1 и дел од Дебар Маало 2. Ништо нема да не изненади ако никнат згради во Градски парк.
Клучното прашање, има ли здрава логика во Град Скопје? Имено, градоначалникот Пeтpe Шилeгoв пред две години за 12.7 милиони евра ѝ ја продаде Градската куќа на кејот на реката Вардар под тврдината Kaлe на aвcтpиската компанија EBН. Одлуката за продажба на објектот кој почна да го гради неговиот претходник Koце Тpajaнoвски беше донесена со образложение дека се наоѓа на несоодветна локација и нема да ги собере сите вработени во Градот. А сега тие набавуваат нова куќа, замислете од 4.000 до 9.000 м2?
Па каде е тука логиката. Ако сите вработени ги собира во 4.000 квадрати, тогаш зошто им се 9.000? Ќе го дуплираат бројот на вработените? Или ако им се доволни 4.000 м2, тогаш зошто продадоа зграда со над 4.000 м2 со образложение дека не им е доволна? Нешто не е во ред ниту со логиката, ниту со математиката на Град Скoпје!